Фото: Инстаграм

САД: Сопругот на Србинката Ана Волш е официјално обвинет за нејзиното убиство

Обвинителот Мајкл Морисеј денеска соопшти дека надлежните имаат причина да веруваат дека 47-годишниот Брајан Волш
ја убил својата сопруга Ана Волш, која по потекло е од Србија, јавија американските медиуми.

Случајот предизвика многу внимание во Србија, но и во САД, поради деталите од истрагата и бруталноста со која беше изведено убиството. Убиецот го исекол телото на парчиња, кои ги фрлил на засега непозната локација.

Откако беше уапсен пред една недела, Волш се изјасни за невин за сомнежот дека ја попречувал истрагата. Волш утре изутрина ќе биде сослушан во обвинителството во врска со обвиненијата за убиство. Обвинителот Морисеј рече дека другите детали за убиството на Ана Волш ќе бидат објавени подоцна.

Полициска фотографија од апсењето на Брајан Волш

39-годишната жена не е видена од 1 јануари, а нејзиниот работодавец во Вашингтон, а потоа и нејзиниот сопруг, ја известиле полицијата за нејзиното исчезнување на 4 јануари. Волш тогаш изјавил дека на 1 јануари, откако заедно ја прославиле Новата година, отишла на аеродромот за да се качи на авион за Вашингтон. Подоцна било утврдено дека Ана не се качила во тој авион. Сигналот на нејзиниот мобилен телефон бил регистриран следното утро во близина на нејзиниот дом во Кохасет, каде што живеела со нејзиниот сопруг и трите деца.

Полицијата пронајде крвави траги и скршен нож во подрумот на куќата, додека крвава пила и други предмети кои полицијата ги поврзува со исчезнувањето на Волш биле пронајдени во депонија во близина на куќата на мајката на Волш.

Утврдено е и дека по исчезнувањето на Ана, Брајан Волш купил средства за чистење во вредност од 450 долари и пребарувал на Интернет за „како да се ослободи од женско тело тешко 52 килограми“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот