Тепачка / илустрација /

Божикен напад со дилдо во Хрватска: Русинка му се сипала на чувар во прифатилиште за азиланти

Во Прифатниот центар за баратели на азил „Порин“ на Божик, пијана 38-годишна Русинка, нападнала чувар со дилдо од 30 сантиметри, а настанот со телефон го снимал 32-годишен барател на азил, објави хрватски „Индекс“.

Сè започнало за време на божикниот ручек, кога В. А. пијана почнала да го нарушува јавниот ред и мир. Гласно викала по чуварите, ги навредувала и им покажувала среден прст. Во еден момент од чантата извадила големо дилдо и со него почнала да го удира чуварот по рацете.

Потоа излегла на паркингот и со нога удирала по еден автомобил, па се вратила на рецепцијата и продолжила да удира по пултот, постојано галамејќи.

Целата сцена со телефон решил да ја сними А. С. Игнорирајќи ги предупредувањата дека снимањето е забрането, ја насочил камерата кон чуварите, ги навредувал и и тој им покажувал среден прст. На крајот чуварите морале да употребат сила за да ги совладаат двајцата.

Трагедија во Охрид: Загина младиот фотограф Кристијан Љушев, паднал во зграда

Додека го чекале доаѓањето на полицијата, Русинката нападнала и една чуварка, на која ѝ ја скинала службената легитимација од вратот и ја фрлила преку оградата на улица.

Двајцата биле уапсени. Пријавени се за прекршување на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и биле изведени пред прекршочен судија.

Судот им изрекол условна казна од 30 дена затвор со рок на проверка од една година.

Судијата донел и одлука за одземените предмети: на 32-годишникот му се враќа телефонот марка „Самсунг“, додека Русинката трајно останала без дилдото.

Судот нагласил дека одземањето на дилдото нема да ѝ биде наплатено, а двајцата се ослободени и од плаќање судски трошоци.

84-годишен изнудувач ѝ се заканил на роднина, ѝ зел 5.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот