Кристијан Љушев, фотограф / Фото: социјални мрежи

Трагедија во Охрид: Загина младиот фотограф Кристијан Љушев, паднал во зграда

Познатиот фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загуби животот по пад во зграда во Охрид, пренесуваат утрово охридските портали.

Како што пренесуваат „Супер радио“ и „Охрид прес“, повредениот Љушев вчера, околу 15:00 часот, бил донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди тој да се реанимира, но тие за жал биле неуспешни.

28-годишниот Кристијан со неговата продукција „Шпанец“ уживаше углед помеѓу колегите како вреден, талентиран и исполнителен професионалец, кој има работено на бројни проекти, документарни емисии, видео спотови и останати материјали.

Иако до овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата во која тој настрада. Неофицијално, младиот фотограф и снимател паднал во окно од лифт во зградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот