Финецот Валтери Ботас („Мерцедес“) ја запиша 10 победа во Ф1/Истанбул, Турција/10 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Ботас во Мајами се соочил со проблем – му го украле автомобилот пред хотелот

Финскиот возач во Формула 1, Валтери Ботас, откри дека неговиот изнајмен „Кадилак“, кој му бил обезбеден од неговиот тим бил украден од пред апартманот во кој престојувал за време на викендот на Големата награда на Мајами.

Финецот изјави дека престојувал на убаво место со ниска стапка на криминал, раскажа Ботас и дека претходно престојувал во Мајами и не е соочувал со проблеми.

„Се вративме во петокот и како и обично, автомобилот го оставивме на влезот, брзо вечеравме и рано си легнавме. Клучевите беа во апартманот, а возилото беше заклучено. Се разбудив во саботата наутро и бев под туш околу 15 минути пред да тргнеме кон патеката. Тогаш ми се јави Пол Харис, мојот личен асистент, кој беше сместен во апартманот до мене. Му реков: ‘Ало, зошто ми ѕвониш кога си веднаш до мене?’, а тој ми одговори: ‘Се прашував каде си заминал, автомобилот го нема’. Не можев да поверувам. Излегов надвор, а возилото го немаше. Клучевите сè уште стоеја на масата. Ни го украдоа автомобилот. Можев дури и да задоцнам на патеката затоа што моравме брзо да најдеме друг превоз, но за среќа ни испратија уште еден кој нè однесе. Потоа се сетив дека мојата пропусница остана во автомобилот. Сепак, најдов решение. ФБИ исто така се вклучи во истрагата“, раскажа Ботас.

Украдениот автомобил инаку бил пронајден следниот ден, напуштен во област позната по висока стапка на криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот