Бостон си најде замена за Ирвинг

Преодниот рок во НБА лигата започнува во недела, а екипата на Бостон селтикс е фаворит за ангажирање на ол стар бекот на Шарлот, Кемба Вокер.
Вокер кој има 29 години, во 2011 година влезе во НБА лигата како деветти пик на драфтот и целата кариера ја помина во Шарлот хорнетс.

Иако се шпекулираше дека Вокер планира да остане во Шарлот и за помала плата, највлијателниот новинар кој речиси секогаш има точни информации, Адријан Војнаровски од „ЕСПН“ смета дека ол стар бекот ќе потпише за Бостон селтикс.

Бостон на 1 јули ќе остане без Кајри Ирвинг кој претходно најави дека нема да потпише нов договор, а екипата ја напуштаа уште и Ал Хорфорд и Маркус Морус со што се отвора најмалку 25 милиони доалри во селари капот, предвиден за плати на кошаркарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот