Боројот на инфектолози во нашата земја е мал, вели Филипче

Скопје, Инфективна клинија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Бројот на инфектолози во нашата земја е мал, на клиниката работат 26 доктори инфектолози, истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ21.

-Седум од нив имаат над 60 години, тоа се луѓе коишто имаат и хронични болести, којшто се ослободени од дежурства, но во исто време имаат и долгогодишно искуство. Тоа се луѓе коишто се справиле со многу епидемии претходно, минатогодишната со морбилите, но и многу други. Целосно го мобилизиравме здравствениот систем, здравствените работници од сите јавноздравствени устави, а по потреба и од проватните болници. Но, сепак ваква ситуација на мобилизација и ротација на здравствените работници немало никогаш, каков што е случајот и во другите земји – рече Филипче.

Вирусот нема да исчезне, тој е тука, тоа мора да го сфатиме и да научиме да живееме со него, потенцираше министерот.

-Маските, физичката дистанца, честата дезинфекција на раце е нешто што може да ја спречи  трансмисијата на вирусот- рече Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот