Борисов во четврток треба да се појави на распит во полиција
Екс-премирот на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на денешниот брифинг во седиштето на партијата соопшти дека е повикан за во четврток на информативен разговор во полиција.
Препорачано
„Тој ме кани да се јавам во четврток во 10 часот на распит кај инспектор задолжен за прибирање на потребните информации. Во поканата пишува дека треба да си носам и лична карта“, вели Борисов
Неодамна, техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков рече дека Борисов ќе биде предмет на проверка, оти постоеле сомнежи дека вршел притисок врз сведоци.
Борисов, пак, вели дека не се сеќава дека на некого му вршел притисок.
– Веројатно ќе ме прашаат зошто се кандидирав на изборите, зошто не купив гласови како другите, зошто ги добив битките и кога ќе се откажам. Повторно, ГЕРБ им е коска во грлото. Се надевам дека ќе излезам жив, друго не знам – рече Борисов, пренесе БГНЕС.
Инаку денеска партијата на Борисов, ГЕРБ побара оставка од Централната изборна комисија на Бугарија, поради организирањето на парламентарните избори во странство. Од ГЕРБ велат дека на гласањето во странство имало изборна измама.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


