Болеста го направила своето: Поранешниот голем заводник изгледа непрепознатливо (ФОТО)

Актерот Вал Килмер кој со рак на грлото се бори од 2015 година, пристигна во Њујорк за да одржи говор на настанот на ОН.

Иако се обиде да се сокрие од љубопитните папараци, не успеа, а многумина на неговиот врат го забележаа и медицинскиот уред од трахеотомија.

Вал во 2017 година призна дека е болен, а денес веќе е можно да се види дека ракот доста влијае на неговиот изглед. Некогаш големиот заводник изгледа непрепознатливо.

Иако ретко говори за приватниот живот, во интервјуто за „The Hollywood Reporter” потврди дека е болен, и дека болеста му го одземала гласот, но и силата.

Акерот е татко на две деца, а зад себе има и пропаднат брак со актерката Џоан Вили, со која беше заедно осум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот