Боки 13 со 150 илјади евра гарантира дека нема да избега од Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Адвокатот Сашо Дуковски повторно до судот во Апелација повтори дека Јовановски поради здравствени причини треба да добие поблага мерка.

Обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска од скопска Апелација бара укинување на затворскиот притвор.

Како гаранција дека нема да побегне, тој понудил имот во вредност од над 142.000 евра. Јовановски како гаранција понудил куќа и дуќан.

Адвокатот Сашо Дуковски повторно до судот во Апелација повтори дека Јовановски поради здравствени причини треба да добие поблага мерка. Јовановски е во притвор од јули 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот