Боки 13 повторно во обвинителството

Заедно со Јовановски во ОЈО е и неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој е осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“, денеска повторно е во Јавното обвинителтво каде дава исказ за кривичните пријави кои ги поднесе пред една недела.

Пријавите се за актуелни функционери на власта и бизнисмени, а се за сторени кривични дела за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, тортура и несовесно лекување.

Како што е познато, тој и на 25 минатиот месец беше во ОЈО, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.

Заедно со Јовановски во ОЈО е и неговиот адвокат Сашо Дуковски. Токму Дуковски минатиот пат по однос на пријавите не сакаше да открие конкретни имиња.

Против Боки 13 се води уште еден процес за предметот „Меѓународен сојуз“, каде е првообвинет за измама и перење пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот