Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра за да влијае на судска истрага

Фото:Слободен печат

На пресконференцијата на Јавното Обвинителство на Македонија, беше соопштено дека Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијае на истрага, преку влијание на јавен обвинител. Обвинителството побара притвор за Бојан Јовановски и бизнисменот Mилевски. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

Дополнително, соопштија дека Боки 13 сеуште не е сослушан и ветија дополнителни информации.

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази, изјави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.

Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп.

За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.

Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .
Првосоомничениот се сомничи и за перење пари, што значи дека нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека и друго.

Инаку денеска беа приведени на информативен разговор Бојан Јовановски, неформален сопственик на 1 ТВ и Зоран Милевски викан Кичевец.

Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот