Бојмацалиев: За шест години запленета дрога во вредност од 426 милиони евра

Фото: МВР

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го посети Одделот за криминалистичка полиција при МВР, каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица со цел да се сумираат резултатите од изминатиот период.

На средбата, раководството на Одделот за криминалистичка полиција го информираше дека се извршени вкупно 1.640 претреси на дом, објекти и помошни простории, 1.781 прегледи на лица/возила и 22 пребарувања на терен, а поради сомнение за сторено кривично дело лишени од слобода се 5.815 лица. Притоа, разбиени се 19 криминални групи, пресечени се 29 меѓународни транспорти на марихуана, по два на хероин и на кокаин и еден на хашиш. Поднесени се вкупно 1.566 кривични пријави поврзани со недозволена трговија со дрога, извршени од 1.807 сторители.

– Oва се најдобрите резултати во борбата против недозволената трговија со дрога во последните 30 години – истакна Бојмацалиев, истакнувајќи дека вредноста на вкупно запленетите наркотични средства во периодот од 2017-та до 2023-та изнесува 426 милиони евра, а притоа во три наврати се уништени над 12 тони дрога – истакна Бојмацалиев. 

Секторот за општ и насилен криминал, односно Единицата за борба против корупција, во периодот од 2019 до 2023 година, во координација со Управата за јавни приходи, извршил контрола во 17 градa и 67 објекти вo кои се приредуваат игри на среќа и забавни игри.

„Oд страна на УЈП, по основ на данок за игри на среќа, во државниот буџет се наплатени околу 100 милиони денари”, било истакнато на брифингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот