Бојана Скендеровски: Драга моја 2024-та беше прекрасна, те заклучувам со сите поуки кои ги извлеков во тебе
Изминатава 2024 година ни донесе добри и лоши моменти, а ќе остане запаметена како уште една година од која научивме многу, искусивме од она што ни го сервираше животот, се радувавме и тагувавме, но сепак на крајот ќе ја испратиме со насмевка и желби за уште поубава 2025 година.
Препорачано
Токму една ваква година имаше и пејачката и водителка Бојана Скендеровски, која имаше прекрасна, поучна и одлучувачка година.
Таа ги сумираше впечатоците во неколку реченици кои ги објави на својот Инстаграм профил.
– Драга моја 2024-та беше прекрасна, поучна, и одлучувачка година … те испраќам со добри мисли, те заклучувам со сите поуки кои ги извлеков во тебе, добрите луѓе се малку и многу драгоцени, лошите ќе си останат лоши за себе … ќе продолжам да гледам позитивно на се, поинаку и не знам, ќе продолжам да сакам со целото свое срце, а со истата енергија и ќе се борам за се што сметам дека вреди … 2025 година, држи се добро, имам многу планови за тебе – напиша Бојана.
View this post on Instagram
Таа им ја честиташе новата година на сите следбеници, и пред сè им посака здравје.
Среќна нова драги луѓе, само здравје и сè ќе биде!


