Бојан и Марија од „Ај Кју“ ја напуштија Македонија! (ФОТО)

инста

Македонското поп-рок дуо „Ај Кју“ се селат од Македонија и ќе живеат во Лондон, откако неодамна добија виза.

инстаграм

Тие денеска си заминаа од државата, а Марија, која ја потврди веста за „Репортер“ изјавила:

„Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. Многу сум возбудена, највозбудена“ откри пејачката.

инстаграм

Бојан и Марија после Евровијзија често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти, а минатиот викенд тие настапија на „Макфест“ со песната „Ти си ми сон“.

Потсетуваме дека тие во 2018 година ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ со песната Lost and Found, но не влегоа во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот