Фото: Принтскрин

„Богородица“ и „Меџитлија“ ќе бидат отворени до петок

Грчките земјоделци ги одложуваат протестите кај граничните премини „Евзони“ и „Ники“ до петок за да се олесни патувањето, објави „Катимерини“.

Кај „Евзони“, земјоделците ќе ги поместат возилата покрај патот, дозволувајќи слободен премин за камиони, автобуси и автомобили, додека ќе останат присутни во смени. Кај Ники не е планирана блокада до петок, но се очекува учесниците да се приклучат на протестот кај Здравствениот дом во Аминтео.

Земјоделците привремено ги отвораат автопатите низ цела Грција за да им овозможат полесно патување на граѓаните за време на празниците, додека тракторите ги држат покрај патиштата, а демонстрантите остануваат на блокадите во смени.

Грција: Земјоделците не отстапуваат од блокадите, но не прават застој во сообраќајот за божикните празници

За 26 декември се закажани собири на кои ќе се одлучува за продолжување на мобилизациите.

Од 12 часот напладне, сообраќајот на двете ленти на националниот автопат Солун–Атина кај наплатните рампи Малгара ќе биде отворен.

Лентата кон Атина се отвора по 22 дена, додека спротивната насока кон Солун во изминатите денови беше повремено отворена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот