Фото: Архива

Богоевски: До каде ќе оди забеганоста на Апасиев?

ЛАЖНА ВЕСТ!!! До каде (ќе) оди забеганоста на Апасиев, се огласи поранешниот пратеник Павле Богоевски после објавата на пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев во кој вели дека Собранието го усвоило предлогот на Алијанса и Алтернатива за Законот за државјанство по брза постапка.

-Овој Закон вчера НЕ Е УСВОЕН ОД СОБРАНИЕТО. Вчера Собранието одлучи да расправа по предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство во скратена постапка.
Предлогот да се расправа по скратена постапка го поднесуваат пратениците кои го поднесуваат и самиот предлог Закон. Тоа значи дека наместо три, ќе има две читања на текстот и дека комисиските расправи може, но не мора да се одржат во истиот ден. Вчера немаше комисиска расправа по овој текст- напиша поранешниот пратеник Богоевски.


Богоевски вели дека тоа не значи дека законот е усвоен, ниту дека ќе биде усвоен.

-Не мора да укажувам на очигледно националистичката поента на објавата. Ниту на повторното елементарно незнаење на профата со 10,00- стои во неговата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот