Богоев ја презеде директорската функција во Царинската управа, в петок го чека протест на вработените

Фото: Царинска управа

Новоназначениот директор на Царинската управа, Стефан Богев денеска официјално ја презема должноста од неговата претходничка Славица Кутиров.

За време на средбата, Кутиров го информираше Богоев за делокругот на работа како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита на финансиските интереси на државата и општеството, поддржувајќи го економскиот развој преку олеснување на трговијата, меѓународната соработка и понатамошна модернизација на Царината, информират од оваа институција.

Истакнувајќи дека веќе е запознаен со предизвиците, тековните и планираните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината, стои во соопштението, ја потврди својата заложба за реализирањето на стратешките цели во оваа област, особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот која ќе дава силна поддршка на локалната економија и ќе биде усогласена со стандардите на Европската Унија.

Богоев новата функција ја затекна со предупредувачки протест на вработените во Царинската управа.

Тие в петок од 12 до 12:30 часот ќе одржат протест, со единствено барање – исплата на додатокот од 30 проценти, што им следува законски.

Вработените во Царинската управа веќе со години наназад имаат право на додаток од 30 насто, но тие тој додаток не го добиваат, а министерот за финансии си обезбеди 30 насто зголемување на платата во Министерството за финансии и во други институции. Затоа решивме да направиме предупредувачки протест, да побараме исплата на додаток на плата за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 51 отсто секоја година, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тие порачаа дека не се откажуваат од барањето, како и дека не ги интересира дали има нов или стар директор. Најавија дека не ја исклучуваат можноста бунтот да се радикализира, а размислуваат и за затворање на граничните премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот