Бернар Арно / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Богатството на најбогатиот Европеец се зголеми за 19 милијарди долари

Вредноста на богатството на францускиот милијардер Бернар Арно денес е за 19 милијарди долари повисока, а причината за ова е растот на вредноста на акциите на неговата компанија LVMH за 14 проценти- објави Кликс.ба. Имено, вредноста на акциите на претходно споменатиот конгломерат на луксузни брендови, инаку котирани на Париската берза, се зголеми на 708,14 долари по акција. Американската бизнис телевизиска станица CNBC објави дека LVMH е на добар пат да ги постигне најдобрите резултати во последните 20 години кога станува збор за вредноста на своите акции.

Зголемувањето на вредноста на овие акции ја зголеми пазарната капитализација (вкупната вредност на акциите) на оваа компанија на 353 милијарди долари, што ја прави втора највредна европска компанија според пазарната капитализација. Продажбата на производите на LVMH во третиот квартал од оваа година се зголеми за еден процент, или 21,25 милијарди долари, во споредба со истиот период минатата година. Ова ги надмина очекувањата на аналитичарите за заработката на компанијата. Бернар Арно е најбогатиот Европеец и меѓу најбогатите луѓе во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот