Богатството на кинеските милијардери значително порасна минатата година: Ова се десетте најбогати
Берзите во Кина и богатството на милијардерите доживеаја голем пораст благодарение на вештачката интелигенција. Според Форбс, вкупното богатство на кинеските милијардери достигна 2,2 трилиони долари, а листата на 10-те најбогати носи интересни промени и нови милијардери, пишува Форбс. Берзите во Кина бележат силен раст бидејќи напредокот во вештачката интелигенција го поттикнува оптимизмот кај инвеститорите.
Препорачано
Вкупното богатство на кинеските милијардери на листата на Форбс достигна речиси 2,2 трилиони долари, блиску до рекордните 2,5 трилиони долари во 2021 година. Вкупното богатство оваа година е за 31% поголемо отколку во 2025 година (1,68 трилиони) и 1,33 трилиони пред две години.
Во 2026 година има 539 милијардери од копното на Кина, во споредба со 450 минатата година и 406 во 2024 година. Секторите за вештачка интелигенција создадоа неколку нови милијардери, како што е Лиу Дебинг (9,1 милијарда долари), а вклучувајќи го и Хонг Конг, Кина има вкупно 610 милијардери.
Минатата година, 23 Кинези испаднаа од листата, вклучувајќи пет починати милијардери, додека се појавија 52 нови имиња и 60 повратници. Јан Џунџие од „МиниМакс груп“ дебитираше со богатство од 7,2 милијарди долари благодарение на вештачката интелигенција. За време на седницата на националниот парламент, властите повторно ги поддржаа секторите како што се вештачката интелигенција, роботиката и биотехнологијата, додека целта за раст на БДП за 2026 година беше поставена на 4,5-5%, што е најниско од 1991 година.
Десетте најбогати кинески граѓани вкупно вредат 414,5 милијарди долари, што е зголемување во однос на 400,5 милијарди долари минатата година и 304 милијарди долари во 2024 година. Вилијам Динг е на трето место и е сопственик на онлајн игри. „Тежи“ 37,9 милијарди долари (претходно 33,3 долари). Основач е на NetEase, фокусиран на нови игри како Sea of Remnants.
Џонг Шаншан е магнат во производство на пијалаци и фармацевтски производи. Има богатство од 68,1 милијарди долари. На прво место е Џанг Јиминг, сопственик на интернет медиуми од Сингапур и има 69,3 милијарди долари. Тој е најбогат Кинез втор пат по ред и е лидер во глобалниот развој на вештачката интелигенција.


