Бочварски: Заврши постапката за забелешки и увид во новиот закон за дивоградби

Благој Бочварски / Фото: МИА

Поминаа роковите за забелешки и увид на Предлог-законот за постапување со бесправно изградените објекти. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека е завршен рокот за постапката за овој закон, кој беше прикачен на ener.gov.mk.

„Имаа можност сите граѓани, сите засегнати институции, невладини организации да ги дадат своите дополнителни забелешки на овој закон. Ние, во текот на наредните денови во Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаме сите забелешки темелно и веднаш потоа ќе го доставиме законот до Влада, каде што ќе се дискутира дополнително, а веднаш потоа од Влада ќе биде доставен и до Собранието“ изјави Бочварски во одговор на прашање при обиколката на социјалната зграда во Пробиштип.

Посочи дека Владата ќе одлучи, кога и како, односно во кој формат, би бил доставен законот за дивоградби, бидејќи, како што рече, овој закон се уште е во работна верзија во Министерството за тарнспорт и врски и сакаат да ги вградат сите важни аспекти, кои се значајни за граѓаните. Бочварски нагласи дека ќе има можност и за дополнителна дебата меѓу пратениците  во Собранието, зашто, како што рече, овој закон се носи транспарентно и во интерес на граѓаните.

Извор: МИА

ВИДЕО | Бочварски: Законот за дивоградби деновиве ќе биде доставен до Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот