Бочварски: Штип е на удар од трет бран, се надеваме дека бројот на заразени ќе се ограничи и намали во наредниот период (ВИДЕО)

Благој Бочварски Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Ова што се случува во Штип е своевиден трет бран. Се вклучи алармот дека имаме сериозен удар од КОВИД-19. Се случи масовно тестирање во една фабрика во Штип, газдата ги тестирал вработените и излегоа 30 позитивни. Во тој момент и претходно ја следевме состојбата, но овој ден беше удар кој што покажа дека имаме враќање на еден трет бран, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

-Бидејќи фабриките каде што е регистрирано присуство на заразени од КОВИД-19 се затворени, се надеваме дека бројот на заразени ќе се ограничи и намали во наредниот период. Тука морам да кажам дека општина Штип, како и другите општини имаат намалени ингеренции. Она што е во нашиот делокруг на работа максимално го почитуваме. Во сите фирми кои што денесека се затворени или не работат е разговарано и укажано е на опасноста. Сите тие или не работат или работат со намален капацитет, вели Бочварски.

-Личната заштита е многу важна и мора да се биде внимателен. Ако луѓето се опуштат КОВИД-19 ни докажа дека може да се врати во истиот момент, вели Бочварски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот