Бочели пееше, а милиони луѓе плачеа на кадрите од пустите градови низ светот (ФОТО+ВИДЕО)

Profimedia

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, за обожавателите на музиката, но и за целиот свет кој се бори со пандемијата на коронавирусот, направи нешто навистина величествено со својот настап вчера.

принтскрин

Тенорот пееше за време католичкиот Велигден и концертот во живо го пренесе на неговиот јутјуб-канал. Миланската катедрала беше празна, а во изведбата му помогна катедралниот оргулист Емануеле Вијанели.

принтскрин

На получасовниот концерт наречен „Музика за надеж“, гледачите можеа да ги слушнат „Ave Maria“, „Santa Maria“ и „Domine Deus“, а пред катедралата Бочели ја изведе „Amazing Grace“.

принтскрин

Милиони луѓе од цел свет ја следеа неговата изведба, а коментарите на социјалните мрежи никого не ставија рамнодушен. Емоции, солзи, смеа, гордост, радост се помешаа за време на концертот, кој беше направен како симбол на љубовта, заедништвото и заздравувањето за време на пандемијата.

принтскрин

„Срцето ме боли додека ги гледам празната катедрала и величествениот Бочели. Имам педесет години и никогаш не сум видел толку тажна, но и прекрасна слика одеднаш. Солзите не престануваат да течат. Држете се луѓе. Заедно сме посилни“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Бочели беше придружуван само од катедралниот оргулист Емануеле Вијанели и заедно изведоа дела од сакрална музика.

принтскрин

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот