фото: Фејсбук

Бобан Геориев потпиша за Борац Бања Лука

Поранешниот младински репрезентативец Бобан Георгиев денеска беше промовиран како нов член на Борац од Бања Лука.

Георгиев во изминатата сезона играше во српскиот Радник Сурдулица, а денеска со потпишувањето на едногодишниот договор за Борац ќе биде дел од првата лига на БиХ.

Бобан Георгиеве поранешен фудбалер на Металург, Брегалница Штип, Силекс од Кратово, по што се пресели во Радник, кој му беше прв интернационален клуб.

За македонските селекции има настапи во младинските категории, три за селекцијата до 21 година, еден за таа до 20 години, како и два за селекцијата до 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот