Граничен премин „Евзони“ / Фото: Profimedia

Блокадите на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ продолжуваат по божиќната пауза

Грчките земјоделци на граничниот премин „Евзони“ (Богородица), кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време).

По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела Грција во саботата одново започнаа со блокадите, а оние кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин Евзони, веќе трет ден протестираат со две четиричасовни блокади за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

Од АМСМ информираа дека грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, додека, пак, според грчката новинска агенција АНА-МПА, блокадата за камионите ќе трае 12 часа, а не е исклучена можноста во вечерните часови да постои едночасовна блокада и за патничките возила.

Се очекува и за Нова година, односно од утре до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот