Блокадата на бродот „Евергрин” во Суецкиот канал може да трае со недели

Напорите за отстранување на 400-метарскиот контејнерски брод, што го блокира сообраќајот во Суецкиот канал, продолжуваат и денеска во текот на плимата, при што пет риморкери се обидуваат да го извлечат бродот во подлабоките води.

Бродот „Евергрин” во вторникот утрината се попречи, на двата брега на каналот, откако ја загуби способноста да биде управуван поради силниот ветер и песочната прав, се наведува  во соопштението на Суецкиот канал (СЦА).

ВИДЕО: Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал

Во моментов е блокиран сообраќајот во двата правца преку еден од најфрекфентните канали за испорака за стоки, масло, жито и други производи во светот, што ги поврзува Азија и Европа.

Компанијата за поморски услуги ГАЦ во текот на ноќта издаде соопштение до клиентите во кое наведува дека продолжуваат напорите за ослободување на бродот со бродови влекачи, но дека ветерот и големината на бродот ја „отежнуваат работата”.

Питер Бердовски, директор на компанијата „Боскалис”, кој е вклучен во ослободувањето на бродот, изјави дека е рано да се каже колку време ќе трае работата.

-Не можеме да исклучиме дека ќе трае неколку недели, рече Бердовски.

“Бродот е како огромен насукан кит. Неговата огромна тежина лежи на песокот. Можеби ќе треба да комбинираме влечења, отстранување песок и да ја намалиме тежината на самиот брод со отстранување контејнери, масло и вода од бродот”, додаде тој.

Софтверот за следење бродови покажува пет бродови риморкери околу „Евергрин” и уште три што се упатени кон него. GPS сигналот на бродот покажува само мали промени во положбата во текот на последните 24 часа.

Десетици бродови, вклучувајќи и други големи бродови со контејнери, танкери со нафта и за превоз на големо, што превезуваат жито, се наоѓаат на едниот или од другиот крај на каналот во една од најлошите поморски застои што не е виден во последните неколку години.

Низ Суецкиот канал, долг 163 километри, секојдневно минува приближно 30 проценти од светскиот сообраќај со контејнерски бродови и околу 12 проценти од вкупната светска трговија со сета стока.

Експертите предвидуваат дека доколку блокадата не може да се надмине во следните 24-48 часа, некои бродски компании ќе бидат принудени да ги пренасочат своите бродови околу јужниот дел на Африка, што патувањето ќе им го продолжи за околу една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот