ВИДЕО: Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал

Неколку реморкери се обидуваат да го повлечат товарниот брод што вчера се насука во Суецкиот Канал, нарушувајќи го сообраќајот во еден од најголемите водени трговски патишта во светот.

Државната управа на каналот Суец (СЦА) соопшти дека осум реморкери се обидуваат да го свртат насуканиот панамски супертанкер „Евер Гивен” (Ever Given).

Бродот е долг 400 метри и широк 59 метри, соопштија властите.

Инцидентот се случи во вторникот поради слаба видливост како резултат на лошите временски услови, додава СЦА во соопштението.

Поради инцидентот, други бродови не можат да поминат низ каналот поради што денеска скокнаа и цените на нафтата.

Сепак, шефот на СЦА, Осама Рабае, рече дека сообраќајот се нормализирал во стариот дел од каналот.

Во 2015 година, Египет отвори продолжение од 35 километри паралелно со историскиот канал, кој беше отворен во 1869 година.

Вештачката рута за испорака ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и Азија и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот