Блинкен во Албанија на 16 февруари

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја посети Тирана на 16 февруари, јави Топ чанел.

Дипломатски извори во Вашингтон за телевизијата потврдиле дека се работи на финализирање на деталите за оваа посета, прва на Блинкен на Албанија, од 2021 година кога го презеде раководството на американската дипломатија.

„Засега не е позната примарната цел на оваа посета, но се сугерира дека таа доаѓа како американска благодарност за Албанија, како сојузник на САД и во НАТО. Минатата година, секретарот Блинкен позитивно ја коментираше улогата на Албанија во Советот за безбедност на ОН“, наведува Топ чанел.

Додава дека токму Блинкен во мај 2021 година го прогласи поранешниот албански премиер, Сали Бериша „нон грата“ за САД поради вмешаност во корупција и поткопување на демократијата, што беше „придружено со фронтален напад на Бериша врз Блинкен“.

Тој е четврти американски државен секретар што доаѓа во посета на Албанија.

Првата посета на американски државен секретар на Тирана е онаа на Џејмс Бејкер, на 22 јуни 1991 година, втората е на Медлин Олбрајт на 19 февруари 2000 година, кога таа одржа говор и во албанскиот парламент, а на 14 февруари 2016 во посета на оваа земја беше Џон Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот