Блејк Лајвли и Мишел Трактенберг - Фото: Supplied by LMK / IPA / IPA / Profimedia

Блејк Лајвли се збогува со Мишел Трактенберг: Беше гласна, силна и уникатна

Блејк Лајвли ѝ посвети емотивна објава на нејзината колешка Мишел Трактенберг. Мишел ненадејно почина на 26-ти февруари на 39-годишна возраст.

Лајвли објави нивна заедничка фотографија. Тие двете глумеа заедно во серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl). Блејк ја толкуваше Серена ван дер Вудсен, додека Мишел ја глумеше Џорџина Спаркс.

„Ова беше првиот ден кога ја запознав Мишел“, напишала Лајвли во описот на фотографијата. „Кога Мишел ќе влезеше во собата, ќе го знаете тоа бидејќи енергијата ќе се смени. Сè што правеше, правеше 200 отсто“, додаде Блејк.

Лајвли продолжи: „Таа од срце ќе се смееше на нечија шега, ќе се спротивстави на авторитетот ако почувствува дека нешто не е во ред, длабоко се грижеше за нејзината работа, беше горда што е дел од оваа заедница и индустрија, без разлика колку е болно на моменти. Беше неверојатно лојална на своите пријатели и ги поддржуваше оние што ги сакаше. Беше единствена, гласна, силна и уникатна“.

Лајвли се присети и како Трактенберг носеше „сјај за усни со мирис на карамел“ на снимањето – мал чин на љубезност кон нејзините колешки.

„Таа не сакаше само да блесне пред камерата, таа сакаше да создаде пријатно искуство за сите што беа околу неа, дури и преку суптилниот мирис на нејзиниот сјај за усни бидејќи се грижеше за тие слатки детали“, додаде Блејк.

Таа ја нарече „вистински љубезна личност“, а потоа се осврна на фактот дека нејзините колеги со текот на времето изгубиле контакт. “Времето минува. Земате здраво за готово дека повторно ќе видите стар пријател. Да парафразирам, вистинските трагедии во животот се оние кои ве погодиле ненадејно, во обичен ден”, напишала Блејк.

“Светот изгуби исклучително чувствителна и добра личност. Нека нејзината работа и нејзиното големо срце ги паметат оние кои имаа среќа да го почувствуваат нејзиниот оган”, заклучила таа.

Лајвли не беше единствениот член на хит тинејџерската серија што ѝ оддаде почит на Трактенберг. Други ѕвезди од „Gossip Girl“, вклучувајќи ги Ед Вествик и Чејс Крафорд, исто така ѝ оддадоа почит на Мишел на социјалните мрежи.

Мишел Трактенберг, позната по улогите во сериите „Бафи: убиецот на вампири“ и „Озборувачка“, почина на 39-годишна возраст. Полициски извори потврдија дека нејзината смрт не се смета за сомнителна. Мишел беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк од нејзината мајка Лана Трактенберг во средата наутро, околу 8 часот.

Актерката почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт, изјавија полициски извори за ABC News.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот