Бизарно видео од кралицата на попот ја згрози планетата: Мадона и по 30 години успеа да ги шокира обожавателите (ВИДЕО)
Популарната пејачка објави видео за кое дефинитивно долго ќе се зборува.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Луиза Чиконе (61), попозната по уметничкото име Мадона, одлучи по еден концерт да се опушти на начин на кој тоа го прават професионалните спортисти – во када полна мраз.
Пејачката видеото од малиот ритуал го објавила на Инстаграм со опис „Ќе го започнеме ли предизвикот во ледената купка“, а потоа покажа како се опоравува од неколку часа играње и пеење. Ги видовме нејзините модринки, уморот, одличното расположение, но уште нешто.
Имено, по релаксирањето во ледената купка, Мадона пие од шолја со жолта течност и вели:
– Добро е да се напиете урина откако ќе излезете од ледената купка.
Нејзините обожаватели, дури и оние најверните, се згрозени од ваквото однесување на пејачката, без оглед дали во шолјата има урина како што тврди Мадона. Меѓу коментарите на интернет можете да прочитате: „Грозна сенилна жена“, „Сака внимание, сака да не шокира за сите да гледаме во неа“, „Ова повеќе не е шокантно, ова е одвратно“…


