Бизарна несреќа: Загина 22-годишен пејач на „Ѕвездите на Гранд“
Пејачот Немања Вуковиќ (22), поранешен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“, загинал синоќа во сообраќајна несреќа што се случила кај Добановачка Петља, дознаваат српските медиуми.
Препорачано
До страшната несреќа дошло кога Вуковиќ излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Се сомнева дека го напуштил возилото и почнал да поминува по автопатот кога во него удрил автобус кој се движел од правец на Бања Лука, пишува српски „Курир“.
View this post on Instagram
Според извор од местото на настанот, пејачот прво доживеал сообраќајна несреќа, а кога излегол од автомобилот бил свесен, пишува српски „Блиц“.
Очевидец му пришол да му помогне, го прашал дали е добро, на што Вуковиќ одговорил дека е и почнал да трча. Во тој момент на него налетал автобусот.
View this post on Instagram
„Непосредно пред страшната несреќа настраданиот Н. В. доживеал незгода кога управувајќи автомобил „фолксваген“ возејќи од правец на Белград кон Шид излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, како што се сомнева, излегол од возилото и како пешак се обидел да ги помине лентите на автопатот наменети за спротивна насока, односно од Шид кон Белград“, објаснил изворот на „Информер“ запознаен со случајот.
„Н. В. починал од повредите набргу откако во него удрил автобус. Смртта ја констатирал лекар од Итна помош кој набрзо со екипа се нашол на местото на несреќата. Никому не му е јасно зошто сакаше да премине на другата страна. Можеби тој беше во состојба на шок или нешто друго било во прашање“.


