Бизарен инцидент во Британија: Нападнал три лица, па бегал од полицијата на ролери

Полицијата во Велика Британија денес морала да интервенира по пријава дека маж кој возел ролери нападнал ти лица на сред улица, по што тој е уапсен, пренесува српски „Блиц“.

Според информациите, инцидентот се случил во 15.10 часот по локално време, а повредените се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по нивниот живот.

Сведок на нападот, жена која прифатила анонимно да зборува за медиумите, раскажала дека се шетала со партнерот и двегодишниот син кога се случила бизарната сцена.

– Поминувавме улица кога забележавме маж кој бега од друг маж кој вози ролери. Првенствено мислевме дека се шегуваат, а потоа сфативме дека тоа не е така кога личноста која бегаше се удри во зграда, по што се случи нападот. Беше страшно, се загрижив за моето дете – раскажа жената.

Втор сведок опиша дека мажот на ролери бегал, а полицијата одела по него со две возила, па морале да употребат и електрошокови за да го онеспособат.

– Не сум сигурен што се случи, можеби ситуацијата е сериозна, но апсењето се случи пред мојата куќа и ние сведочевме на една прилично комична сцена – рече сведокот.

Според соопштението на полицијата, пријавите за напад започнале да стигнуваат нешто по 15 часот по локално време кога инцидентот се случил, пишува „Мирор“.

Иако не сакале да дадат премногу информации, за самото апсење кажале дека е приведен маж на свои триесетина години и дека тој ќе остане во притвор.

– Тројца луѓе се пренесени во болница со повреди кои не би требало да се опасни по живот. Започната е истрага – рекоа властите за повредените.

Засега нападот не се поврзува со тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот