Бисера Костадиновска Стојчевска користела буџетски пари за приватни цели на пат во Обединетото Кралство, констатираше Антикорупциска
Поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска користела буџетски пари за приватни цели, на службен пат во Обединетото Кралство, утврди Антикорупциска комисија на денешната седница и донесе заклучок да иницира постапка до надлежните органи.
-Од увидот утврдивме дека по повод „30 години дипломатски односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија, министерот од 24 до 27 октомври 2023 година остварил билатерална средба во Британија. Авансот бил 1300 фунти од кои 229 фунти биле репрезентација, а 280 фунти не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Потрошени се 528 фунти од службената картичка на Министерството за култура од кои 485 не може да се квалификуваат како трошоци за патување. ДКСК констатира дека наводите за буџетски средства користени за приватни цели се потврдуваат, односно биле потрошени средства од буџетот на Министерството за култура кои не може да се квалификуваат како да се за службено патување, рече Зоран Богоевски член на Државната комисија за спречување корупција.
Одлуката беше изгласана едногласно, со 7 гласови.