Мик Џегер / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Биографија открива дека Мик Џегер двапати бил на работ на смртта: „Усните почнаа да му посинуваат…“

Легендарниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, во текот на кариерата двапати за малку ја избегнал смртта, се наведува во новата биографија на музичката група.

Во книгата „Ролинг стоунс: биографијата“, авторот Боб Спиц опишува драматичен инцидент од 1976 година, кога Џегер наводно речиси се предозирал со хероин во стан во Њујорк.

Според сведочењето на музичкиот продуцент Маршал Чес, пејачот доцна навечер побарал дрога, по што двајцата консумирале хероин. Само неколку минути подоцна, Џегер паднал во несвест, а состојбата станала критична.

„Усните му помодреа, не реагираше… Бев убеден дека ќе умре во мојот стан“, се присетува Чес, кој веднаш повикал брза помош.

Благодарение на навремената реакција и медицинската интервенција, музичарот бил спасен.

Вториот инцидент, иако помалку драматичен на прв поглед, исто така можел да заврши трагично. Во 1984 година, за време на престој во Амстердам, Џегер за малку ќе паднел низ отворен прозорец по расправија со колегата Чарли Вотс.

По провокација од страна на Џегер, Вотс го удрил, при што пејачот изгубил рамнотежа и почнал да паѓа наназад кон прозорецот. Според сведочењето на Кит Ричардс, тој во последен момент го фатил за ногата и спречил потенцијална трагедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот