Билд: На конгресот на ЦДУ во декември ќе се решава судбината на Лашет
Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на почетокот на декември планира да оддржи конгрес на кој најверојатно ќе се одлучува за судбината на претседателот Армин Лашет, јави германскиот весник Билд.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според весникот, ЦДУ веќе ја резервирала изложбената сала во Дрезден за периодот од 6 до 13 декември. Истовремено, од седиштето на партијата соопштуваат дека се уште не е познато дали настанот ќе се одржи или ќе биде одложен за следната година.
„Во секој случај, јасно е дека времето на Лашет веќе помина”, пишува „Билд”.
Политичката иднина на Лашет може да биде решена уште вечерва, за време на конференцијата на фракцијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот и разговорите со премиерите на провинциите – каде се претставени конзервативците.
На изборите за Бундестагот на 26 септември, СДП победија со 25,7 отсто од гласовите на Германците, додека конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 24,1 отсто, што е најлош резултат во нејзината историја.
И покрај второто место, ЦДУ/ЦСУ се обидува да формира владејачка коалиција со либералите и зелените, но тие претходно одлучија за можна влада да преговараат со социјалдемократите, со што практично го отфрлија предлогот на конзервативците.
Извор: МИА


