Доналд Трамп/ Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

Билд: Европа сака да се уредат најмалку 4 точки од мировниот план

Според весникот „Билд“ Европа сака да промени барем 4 точки од мировниот план на САД за крај на војната во Украина. Најнезадоволни Европејците се со предлогот Крим, Доњецк и Луганск да се признаат како руски териотрии а границите во Херсонската и Запорошката област да бидат замрзнати по линијата на контакт.

Исто така незадоволителен за Европа според медиумот, е и предлогот украинската армија да има само 600 илјади војници зашто тоа ќе ја направи Украина ранлива за идни напади.

Мерц е незадоволен од планот на Трамп замрзнатите руски средства (100 милијарди долари) да се инвестираат во реконструкција и инвестиции во Украина предводени од САД, при што 50 проценти од профитот би бил за САД.

Според „Шпигел“, Европејците им испратиле на САД работна верзија на контрапредлозите за Украина.

Украинските власти веќе објавија дека го проучуваат документот, но изразија резерви за клучните прашања поврзани со територијалните отстапки, статусот на вооружените сили на Украина и безбедносните гаранции.

Трамп денеска изјави дека планот не е конечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот