Бидете во чекор со своето време и пари, уживајте повеќе во она што е ваше

Фото: Профимедиа

Луѓето имаат различни начини преку кои се релаксираат и го поминуваат своето слободно време. Има и такви кои постојано се во движење, спортуваат, џогираат, имаат безброј обврски насекаде и за нив времето е драгоцено. На сите оние со динамично животно темпо им е потребна солидна организација на дневните активности, но и корисен аксесоар и планер кој ќе им овозможи во него да ги складираат сите потребни информации и ќе им овозможи лесно и брзо извршување на пропратните обврски во движење.

Гаџетот без кој една модерна индивидуа со динамичен животен стил не може да си го замисли секојдневнието е часовникот.

Покрај прикажување на времето, степен на физичка активност, ниво на хидратација, тековни конверзации и потсетувања, со Garmin часовникот и Халкбанк можете да ги дигитализирате вашите Mastercard картички и да извршувате плаќање од било кое место, во било кое време.

За овој тип на луѓе и времето посветено за плаќање на сметки и тековни трошоци е навистина важно, па за нив опцијата за користење часовник за плаќање или GarminPay е совршена.
Доколку се пронаоѓате во горенаведениот тип на луѓе, тогаш за вас користењето на GarminPay е совршена опција, која го олеснува и забрзува плаќањето на сметки и тековни трошоци.

Што претставува оваа услуга, и што е Garmin Pay?

Garmin Pay е нова опција и модерно решение за бесконтактно плаќање, каде и да сте. Со оваа опција, своите сметки ќе можете да ги платите брзо и едноставно, па дури и за време на вашите рутински активности. Без разлика дали сте во паркот за миленици, дали го пиете утринското кафе со вашите најблиски или пак се упатувате кон работното место, со Garmin не ви е потребен паричник. овој паметен часовник функционира како платежна картичка со единствено допирање до уредот за плаќање. и апсолутно не ви е потребно носење пари во кеш.
Условите за користење на оваа услуга се мошне пристапни и едноставни – потребно е само да ја дигитализирате вашата Mastercard картичка издадена од Халкбанк АД Скопје, преку апликацијата Garmin Connect и на тој начин да го активирате Garmin Pay.

Корисникот на платежната картичка на Халкбанк АД ја презема мобилната апликација Garmin Connect од Google Play Store на мобилен уред со Андроид оперативен систем, или од App Store за iOS оперативен систем. Можете и двете опции да ги проверите на соодветните линкови и да си ја симнете апликацијата уште денес.

Бидете во чекор со своето време и пари, уживајте повеќе во она што е ваше!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот