Григор Прличев / НУ Библиотека „Григор Прличев“

Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид потсети дека е отворен конкурсот за најдобра беседа

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2026 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“. Тоа е една од мислите кои Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани.

Со конкурсот кој го распишува четврта година по ред, Библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.

На Конкурсот можат да се пријават млади автори од 15 до 35-годишна возраст од РС Македонија.

Беседата не смее да биде поголема од 3000 зборови и треба да е напишана во фонтот ariel 12.

Беседата не смее да содржи политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носи универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не е публикувана.

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра на следната електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 јануари 2026 година.

На авторот на најдобрата беседа ќе му биде доделена парична награда од 9000 денари и признание со ликот на Прличев, а ќе му бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари 2026 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Конкурсот е отворен заклучно со 12 јануари 2026 година.

Шифрата на наградената Беседа ќе биде објавена најдоцна до 23 јануари 2026 на веб-страницата на Библиотеката и преку медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот