Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: Zak Hussein / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Би сакале ли ексклузивна хуманитарна вечера со Хари и Меган? Сега тоа е можно за 100.000 евра

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган се толку посветени на собирањето средства за хуманитарни цели што се подготвени една вечер да поминат со целосен странец, секако, ако тој може да си дозволи такво нешто.

Замислете сцена: додека Меган Маркл раскажува што сѐ ѝ пречи кај своето семејство, принцот Хари предлага да се заборави минатото и да се наздрави за новата година со чаша најскап шампањ во некој врвен ресторан. Ако некогаш сте посакале да ги запознаете војводата и војвотката од Сасекс, сега тоа е можно. Сепак, потребни се околу 100.000 евра, колку што, според извори на „Дејли мејл“, чини билетот за вечерата на која донаторите можат да се дружат со познатиот пар, а приходот ќе биде наменет за хуманитарни цели.

Вечерата е идеја на компанијата „Черити баз“ (CharityBuzz), со која Хари и Меган соработуваат, како нов, креативен начин за собирање средства за нивната хуманитарна организација „Арчвел“ (Archewell), која досега се потпираше на анонимни богати донатори и помагаше за избрани цели. За 20 години постоење, „Черити баз“ собра околу 555 милиони евра за хуманитарни цели и организираше настани со бројни познати личности како Џорџ Клуни, Бејонсе и сер Пол Мекартни.

Бидејќи вечерата не е јавна, се претпоставува дека се работи за ексклузивна вечер, понудена приватно на големи донатори кои претходно веќе плаќале за дружење со познати личности.

„Луѓето ќе платат стотици илјади долари за вечера со нив“, изјавил извор за „Дејли мејл“.

Се чини дека се прават промени во структурата на „Арчвел“, што го потврдил и нивниот портпарол:

„Да, воведуваме некои промени во „Арчвел“ и наскоро ќе споделиме возбудливи новости за тоа како ќе ги спроведуваме нашите хуманитарни активности во иднина, кога ќе одлучиме. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе информации наскоро“, рекол тој.

„Арчвел“, основана во 2020 година, е центарот на филантропските активности на Хари и Меган. Минатата година тие донирале вкупно 1.174.890 евра за хуманитарни цели, а примиле 4.789.447 евра донации – претежно од еден прилог од 4.518.438 евра, за кој се смета дека дошол од американскиот фонд „Fidelity Charitable“, кој претходната година донирал и дополнителни 903.670 евра. Преостанатите приходи потекнуваат од пет анонимни поединци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот