БЕЗ МАНА СО АНА – Вегански Барови со Капини (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Преку претходниот видео-рецепт имавме можност да научиме како да направиме уште еден неодоливо вкусен и здрав вегански чизкејк со јагоди и ф’стаци. Овој петок учиме како да направиме уште еден многу брз, лесен и вкусен десерт од само неколку состојки. Како и сите претходни рецепти кои ги научивме од Ана, и овој рецепт е вегански, и најважно од се, добар за вашето здравје! Доколку постите, ви препорачуваме да се насладите со овие барови од капини, за кои ќе добиете само позитивни критики! Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот