Без хемикалии: Супер трик со чија помош вашата рерна ќе блеска (ВИДЕО)

Чистењето на рерната е сигурно една од потешките работи во домаќинството. Особено доколку рерната не е исчистена подолго време, па на неа се наталожени голем број на масти и изгореници.

Затоа пронајдовме совршен трик, без хемикалии, кој на вашата рерна ќе и го врати стариот сјај.

Оцетот уште еднаш се покажа како сјаен сојузник во вашата куќа. Се што ви е потребно е да ја исчистите вашата рерна со алкохолен оцет и сода бикарбона. Тие се главни за омекнување на масните наслаги.

Направете смеса од шолја сода бикарбона и третина шолја вода, па нанесете ја на целата внатрешност. Оставете ја да отстои 12 часа, а потоа испрскајте ја со оцет. Потоа истријте ја целата внатрешност на рерната со крпа и топла вода. Тврдокорните наслаги истругајте ги. На крајот се повторно добро пребришете со обична крпа.

Вашата рерна ќе свети, а вие ќе ни бидете благодарни за овој трик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот