„Бев премногу дебел“: Џонсон призна дека мора да ослаби и ангажираше личен тренер

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон го ангажираше личниот тренер Хари Џејмисон за да ослаби, откако призна дека бил „премногу дебел“ кога се заразил со коронавирусот.

Премиерот во април беше примен во болница со Ковид-19, но вели дека од тогаш се посветил на вежбање.

Џејмисон рекол дека неговите тренинзи се грижат за умот, исто толку колку и за телото.

Се смета дека искуството на интензивна нега ги сменило ставовите на премиерот за решавање на проблемот со прекумерната тежина. Тој во јули рекол дека, иако тој не е обично личност која глуми „дадилка или шеф“, но дека Британците треба да ослабат за да се заштитат од вториот бран на вирусот.

– Губењето на килограми, искрено, е еден од начините на кој би можеле да го намалите сопствениот ризик од коронавирусот, рекол Џонсон.

На лично ниво, британскиот премиер рекол дека „сакал да ослаби со години“, додавајќи дека се борел со масни наслаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот