Белорусија објави транскрипт од разговорот меѓу контролорот и авионот

Белоруското Министерство за транспорт денеска објави транскрипт од разговорот меѓу контролата на летот и пилотот на Рајанер, кој принудно го спушти авионот во Минск, поради, како што се покажа, лажна дојава за бомба.

За време на овој инцидент, што предизвика меѓународна осуда и санкции против земјата, Белорусија го уапси новинарот и опозиционер Роман Протасевич, кој патувал од Атина до Вилнус со авионот на Рајанер.

Транскриптот објавен денеска се разликува од деловите на разговорот меѓу контролорот и екипажот на авионот што претходно беа објавени на белоруската државна телевизија, а се чини дека се разликува од претходните изјави на официјалните лица на аеродромот во Минск.

Белорусија во неделата испрати воен авион принудно да слета авион на Рајанер поради лажна дојава за поставена бомба, по што беше уапсен опозиционерот Роман Протасевич, кој патуваше од Атина во Вилнус, што западните лидери го нарекоа „државно пиратство”.

Белорусија соопшти дека авионот на Рајанер, на релација Атина-Вилнус, го приземјила откако добила порака од палестински Хамас, кој се заканил дека ќе го разнесе авионот над белорускиот воздушен простор, освен ако Европската унија не го осуди Израел поради конфликтот во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот