Белистојаноски со бронза, Стојановиќ се бори за злато на Европското првенство во карате

Се редат успесите на македонското карате во Тампере, Финска/Фото: kfm.com.mk

Голем успех оствари младиот Матеј Белистојаноски кој на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 се закити со бронзата.

Во јуниорска конкуренција (-55 кг), во борбата за бронзенито медал македонскиот каратист убедливо со резултат 9:0 го совлада Максим Каширски од Белорусија.

Претходно нашиот натпреварувач го стартуваше настапот со победа од 5:1 над Афонсо Азеведо од Португалија, потоа со 1:0 славеше против Германецот Коре Ансел.

Потоа, со 4:1 забележа триумф и против Жарко Коларов од Србија, беше нерешено 2:2 со Мариуш Василе, но победата ја однесе романскиот каратист.

Нашата земја обезбеди уште еден медал, исто така во јуниорска конкуренција не се знае само дали ќе биде златен или сребрен, во категоријата над 76 кг.

Стефан Стојановиќ за златото ќе се бори против Матео Аванцини од Италија. Претходно Стојановиќ со 4:2 ги победи Амир Зуауми од Франција, со 3:2 го елиминираше Мартин Елиас од Чешка, 1:1 беше со Летонецот Артјом Јермолаев, во следната фаза се пласираше Македонецот, а со 2:1 го совлад а Хуберт Јароцки од Полска.

Македонија има европски вицешампион во карате, сребро за Басаров во Тампере

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот