Белграѓанец криел марихуана спакувана во 86 пакувања

Осомничениот е притворен во период од 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во во рамки на акцијата „Гнев“, во соработка со Царинската управа, во Белград запленија околу 38 килограми марихуана и го уапсија Б.Б. (1975) под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и трговија со дрога.

При претрес на автомобилот „нисан“ управуван од осомничениот, откриени се специјално направени бункери во кои биле пронајдени 86 пакувања марихуана, тешки вкупно околу 38 килограми.

Осомничениот е притворен во период од 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот