Белградскиот градоначалник Шапиќ сака гробот на Јосип Броз Тито да се премести во Хрватска

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека покренал иницијатива во чии рамки ќе побара  преместување на гробот на некогашниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз -Тито и отстранување на гробовите на четворица народни херои: Моша Пијаде, Иво Лола Рибар, Ѓуро Ѓаковиќ и Иван Милутиновиќ од тврдината „Калемегдан“.

„Сега ќе упатам јавно повик. Не можам да влијаам на одлуката, ниту Градот да влијае, но мислам дека отстранувањето на гробот на Јосип Броз – Тито од Белград, од Музејот на Југославија е важно за српскиот народ“, рече Шапиќ, кој е член на владејачката Напредна партија на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Поранешниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито почива во маузолеј во „Куќата на цвеќето“ во Белград, а неговиот гроб го посетуваат илјадници луѓе секоја година.

Според најавите, гробот на Тито би можел да биде преместен во хрватски Кумровец, местото каде што е роден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот