Белгија ја преиспитува историјата: Прва парламентарна комисија за колонизацијата на Конго

Поглед во статуа од поранешниот белгиски крал Леополд II, испрскана со црвен спреј. Статуата се наоѓа во паркот н Африканскиот Музеј во Тервурен, во близина на Брисел / 10 јуни 2020, Белгија, Европа / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во Белгија за време на протестите се урнати или оштетени се повеќе споменици на поранешниот белгиски крал Леополд Втори, иницијатор на колонизацијата на Конго.

По масовните протести на африканско-белгиското население и барањата на јавноста за конкретни чекори од страна на властите за соочување со злоделата од колонизацијата на Конго, долниот дом на белгискиот парламент денеска даде согласност за составување на собраниска комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сите претседатели на парламентарните партиски групи се согласија денеска дека е потребно создавање на посебна парламентарна комисија која ќе се занимава со ова прашање. Против се изјасни само партијата на екстремната десница, Вламс Беланг.

За сега не се знае сѐ уште точно како ќе изгледа оваа комисија ниту кој комитет ќе управува со неа, но експертите ќе започнат со работа веќе во текот на ова лето за да може да се состави комисијата наесен со јасен мандат. Комисијата ќе се темели на принципите на вистина и помирување.

Во последните недели во Белгија се одржа масовен протест против расизмот и полициската бруталност, а урнати или оштетени се повеќе споменици на поранешниот белгиски крал Леополд Втори, иницијатор на колонизацијата на Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот