Бектеши: Завршени се анализите, ќе замрзнат цените на овошјето и зеленчукот, трговците на овие производи ставале маржи и до 200%

Фото: Влада на РСМ

Вчера завршени се анализите за замрзнување на цените на овошје и зеленчикот, рече Министерот за економија Крешник Бектеши пред започнувањето на Централното претседателство на ДУИ. Тој посочи дека е утврдено како некои трговци во месец март, ставале маржи на одредени производи од овошје и зеленчук и до 200%.

„Предлогот на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување на највисоки цени на овошјето и зеленчукот, ќе бидат опфатени над 10 производи на овошје и зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи значи имале големи маржи и до 100 % и 200%. Нашите информации се дека до крајот на април и почеток на мај ќе се зголеми домашното производство и секако дека тоа ќе влијае позитивно.Министерството за економија во соработка со другите институции на дневна база ги следи сите случувања во делот на цените и ќе го направиме најдоброто во интерес на потрошувачите и на граѓаните посебно во месецот на Рамазан и во пресрет на Велигденските празници„, рече Бектеши

Тој додаде дека трговијата со овошје и зеленчук е малку поспецифична, каде се ставаат и поголеми маржи, но не може таа да биде и до 200%.

„Значи во однос на другите производи ние веќе сме ги објавиле сите анализи, најверојатно во Влада ќе одржиме Пресс конференција, каде преку презентација ќе ја информираме јавноста во делот на просечната цена што била посебно во месец март, а граѓаните и вие самите имајќи предвид дека ги знаете кои се цените , сами би можеле да направите споредба. Но, трговијата на овошјето и зеленчукот се врши на друг начин од другите производи оти рокот е многу пократок секогаш маржата е поголема, но не може да биде до 200%., рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот