Бектеши е загрижен за бојкотот на албанските министри од некои национални телевизии

Фото: Влада на РСМ

Ова е своевиден притисок врз Владата за остварување на лични интереси, смета Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши е загрижен од бојкотот на дел од националните телевизии кои според неговите информации одлучиле да бојкотираат некои од министрите во Владата со цел да направат притисок за лични интереси. Според неговото мислење се работи за олигарси кои во минатото остварувале некои свои цели и тоа сакаат и сега да го постигнат.

-Според моите информации се работи за некои медиуми кои решиле да ги бојкотираат информациите кои излегуваат од дел од министерствата. Но, ова е демократија, а кој е во право, а кој не е, ќе одлучат граѓаните. Ова е своевиден притисок до Владата за да постигнат некои лични финансиски интереси, но и за некои интереси кои нив ги обединуваат. Нивната цел е да влијаат врз владините одлуки. Оваа Влада, а и Министерсвото за економија нема да потпаднат под овој притисок со цел да се влијае врз некои институции, за да остварат некои свои интереси – истакна Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот