Бектеши до Касами за двојазичноста: Гласавте за владината програма, а не сте ја прочитале

Министерот за економија Крешник Бектеши му порача на владиниот партнер и лидер на Беса, Билал Касами да ја прочита владината програма пред да дава изјави. Касами во интервју изјави дека приватните компании тереба да воведат двојазичност бидејќи дел дипломирани Албанци не говорат македонски јазик.

– Нашите сектори ќе работат на креирање на мерки за субвенционирање на приватните фирми при вработување на различни етникуми. Ве повикувам да ја видите владината програма и ние како функционери сме задолжени да ја почитаме и реализираме програмата. Се разгледуваат неколку опции како од идната година субвенционирање да се реализира. Политичарите да ги читаат владините програми пред да коментираат, еве тоа е содржано во владината програма на страница 39 параграф 3. Нека ја прочитаат оти гласале за владината програма – изјави Бектеши на новинарско прашање дали со премиерот Заев или вицепремиерот Битиќи разговарале за тоа и кој е ставот.

Бектеши повтори дека субвенционирањето нема да важи само за Албанците туку за сите. Секоја компанија која ќе ја подобри етничката затсапеност ќе ја потикнат компанијата преку субвенции. Министерот не прецизира колку пари во буџетот ќе бидат наменети за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработуваат по етнички клуч, но додаде дека тоа ќе биде содржано во новиот буџет за идната година.

Касами: Двојазичност во приватниот сектор, македонскиот јазик непознат за дел од Албанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот