Фото: rawpixel.com / CC0

Бекрија од Росоман крајно пијан сакал да тепа полицајци, го уапсиле и дувал 3,66 промили

Вчера во кавадаречкото село била повикана полицијата за да интервенира со екстремно пијан жител на селото, по што тој се обидел и да ги нападне полицајците, соопшти МВР.

– Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР-Велес.

Ја присилувал на секс, ја снимал, а потоа и барал пари – уапсен неготинчанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот